Марко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Голем дел од својата кариера поминува во обвинителството, а во ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година е именуван за Јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршува до август 2017 година. Во периодот од 1998-2000 година ја обавува адвокатската дејност, а повторно во Именикот на адвокати се запишува на 18.08.2018 година. Носител беше на лиценцата со број 1126.
Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изразува сочувство до семејството и најблиските.