ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ

30 Декември 2020

На ден 02.12.2020 година Адвокатската комора на РСМ претставувана од претседателот Љубомир Михајловски потпиша Меморандум за соработка со Македонското здужение на млади правници (МЗМП) претставувано од претседателот Зоран Дранговски.

Целта на Меморандумот е постојано унапредување на состојбата на заштитата на човековите права и остварувањето на начелото на владеењето на правото како едни  од клучните темелни вредности на уставниот поредок во нашата држава. Препознавајќи ја централната улога на адвокатура и адвокатите кои преку обезбедувањето на правна помош претставуваат суштинска гаранција за заштита на човековите права.

Меморандумот е плод на неопходноста од зајакнување на знаењата, вештините и статусот на правничката професија и промоција на професионалните вредности особено помеѓу младите адвокати и правници.

Во рамки на соработката е предвидено: одржување на обуки, спроведување на истражувања и анализи потребни за ефикасно застапување и и лобирање за подобрување на законите и политиките во областа на пристапот до правда и заштита на човековите права, поврзување на адвокати со МЗМП кои имаат желба да обезбедуваат про боно правна помош, меѓусебна поддршка при  давање на предлози за измени на одредени закон од значење за двата субјекти, поврзување на адвокатите со адвокатски приправници и дипломирани правници кои бараат работа како адвокатски приправници итн.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме