Со Меморандум за соработка се уредува начинот на соработката, координација и водењето на заеднички договорени активности се со цел поефикасно обезбедување на бесплатна правна помош и пристап до правда во Република во Северна Македонија.
Во рамките на соработката ќе се овозможи меѓусебна техничка соработка и размена искуства директно, а се однесуваат на прашања во врска со обезбедување на бесплатна правна помош и пристап до правда, промовирање на системот за интегритет и добро управување, пристап до правда што вклучува: обезбедување на примарна бесплатна правна помош, обезбедување секундарна бесплатна правна помош, промовирање на заедничките активности, организирање настани од интерес на двете страни, организирање обуки, проширување на мрежата на соработка со други институции и организации, стручна помош и анализа итн.
Активностите од Меморандумот ќе бидат спроведени согласно законските надлежности, подзаконските акти и во рамките на расположивите средства.