Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува успешната соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, односно и понатаму ќе се одржи континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Во оваа смисла, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокати за пристап на жените кон правда.
Имено, имајќи предвид дека ХЕЛП курсевите се интернет или онлајн курсеви, соодветни за новонастанатата ситуација, реализацијата на истите непречено ќе продолжи, со поддршка на Советот на Европа. Единствено нема да се одржуваат вообичаените средби за започнување на курсот, кои ќе бидат заменети со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот.
Kурсот „Пристап на жените до правда“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната и како ХЕЛП. Се работи за програма на Совет на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.
Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 4 ноември 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. Притоа, учесниците кои се пријавија на претходниот курс за пристап на жените кон правда, а за кои немаше место поради пополнетост на предвидениот број на учесници и кои беа известени дека ќе бидат автоматски вклучени во следниот курс, нема потреба повторно да се пријавуваат.
Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.
Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, Адвокатската комора на РСМ во меѓувреме ќе вложи напори во најголема можна мера да се задржи нормалното функционирање, вклучително и во насока на обезбедување можности за соодветна едукација за адвокатите.