EВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА: Адвокатската комора на РСМ организира онлајн отворен ден за граѓаните

26 Октомври 2020

25-ти октомври е Европски ден на правдата што секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е правдата да се доближи до граѓаните и тие одблизу да бидат запознаени со нивните  права во сите правни области.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судии, медијаторите, нотарите со граѓаните, давање на информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл.

По тој повод, Адвокатската комора на РСМ секоја година организира отворен ден за граѓаните на кои тие лично преку разговор со адвокати можат да се информираат за своите  права. Годинава, поради новонастанатите околности  предизвикани од вирусот Ковид 19, граѓаните  ќе можат да се информираат за своите права со испраќање на порака на и-меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме