Сметано од 17.03.2020 година до следно известување, СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите на Основен граѓански суд Скопје, со исклучок на рочиштата и дејствијата по: предмети за примена на времени мерки; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни во смисла на член 72 став 2 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број 58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19).
>> ЦЕЛОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА.
Соопштение за јавноста во однос на мерките за спречување и ширење на коронавирусот, објави и Основниот суд Велес.
Во Основен суд Велес за времетраење на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус КОВИД - 19 ќе се извршуваат следните нужни работи:
-
- Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривично гонење,- Кривични предмети за кривичните дела:
-
- Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката,- Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во РСМ, а се затекнати во државата,
-
1.„Пренесување заразна болест од чл.205 од КЗ“2.„Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 од КЗ“3.„Неукажување медицинска помош од чл.208 од КЗ“,4.„Спречување службено лице во вршење службено дејство по чл.382 од КЗ“,5. „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност по чл.383 од КЗ“,6.„Организирање отпор по чл.387 од КЗ“,
-
-
- Прекршочни предмети од итна природа,- Предмети за примвремени мерки,- Предмети во кои постапката е во фаза на донесување на одлука,
- Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок,
-
- Предмети кои по сила на закон се итни и- Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
-
Основниот суд Велес проценува дека е суд со висок ризик за судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, поради што закажаните расправи по предметите кои не се итни ќе се одлагаат, за што странките ќе бидат писмено известени од судијата.
-
Недоаѓањето на странките, нивните застапници и полномошници за предметите кои се одложени нема да предизвикаат правни последици во периодот додека траат мерките и препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи.
-
-
-
Странките поднесоците да ги доставуваат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. доколку имаат технички услови за тоа.Потврдите и уверенијата судот ќе ги издава дневно и странките ќе можат да ги подигнуваат во 14,30 часот со приложување на пополнет и отпечатен образец и доказ за платена судска такса.Образец за издавање на уверенија и сметката за плаќање на судската такса се објавени на веб страната на судот (http://www.osveles.mk/).
>> ЦЕЛОТО СООПШТЕНИЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА.