Втор ХЕЛП курс за насилство врз жените и семејното насилство за адвокати

10 Мај 2019
Адвокатската комора на Република  Македонија, ја продолжи успешната соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци. Имено, по успешното комплетирање на Курсот „Насилство врз жените и домашно насилство“, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на адвокатите за повторување на овој курс, Адвокатската комора на Република Македонија, во соработка со Советот на Европа, организираше уште еден курс за адвокати за насилство врз жените и домашно насилство.


Настанот го отвори претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Љубомир Михајловски  и Ана Зец, шеф на  оперативната канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

На учесниците презентации им беа одржани од страна на Anca Ciupa од WAVE Network и координатор на работната група која го разви HELP курсот за насилството врз жените и семејното насилство, како и  Јелена Ристиќ и Александра Стојановска-Тасевска, адвокатки и сертифицирани национални тутори на ХЕЛП . Тие во своите презентации се осврнаа на предизвиците во справувањето со случаите во врска со насилството врз жените и семејното насилство од аспект на адвокатите и правните случувања во областа на насилството врз жените и семејното насилство на европско и на национално ниво.

Македонската верзија на курсот ќе се спроведува за избрана група од 60 учесници од април до јуни 2019 година. Курсот ќе го модерираат Ристиќ и Стојановска Тасевска, кои исто така ја развија националната верзија на курсот.

Откако курсот ќе се спроведе за почетната група адвокати, македонската верзија ќе стане јавно достапни на онлајн платформата HELP.

Покрај ова, беше одржана и церемонија за доделување на сертификати за учесниците кои успешно го завршија првиот ХЕЛП курс за насилство врз жените и семејното насилство.

Во моментов е достапна онлајн платформата HELP на ерменски, босански, англиски, грузиски, црногорски, руски, словенечки и украински.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме