(ФОТО) Свечено доделување на лиценци за адвокати во мартовска сесија 2019 година

26 Март 2019
Четериесет и шест адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во мартовската сесија 2019 година.


Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придружуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски, на новите адвокати им упати порака да ја штитат адвокатурата и нејзината независност, да бидат чесни, како и да го сочуваат својот личен интегритет во борбата за успех.

Претседателот Михајловски изрази надеж дека новите генерации адвокати ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата.

„Ќе има денови на среќа и успех, радувајте се на нив, делете ја среќата со вашите најблиски кои денес се со вас“, истакна тој и им посака успех во работата.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме