Согласно Законот за адвокатура и Правилникот за дисциплинска одговорност, неплаќањето членарина, односно непочитувањето на актите на Адвокатската комора претставува дисциплинска повреда за која е предвидена мерка - престанок на вршење на адвокатската дејност.
Дисциплинскиот обвинител на АКРМ поведе дисциплински постапки кон членови на Комората кои ја немаат извршено обврската за плаќање на членарина, врз основа на член 23 став 6 од Законот адвокатура. Во согласност со Законот за адвокатура и актите, адвокатот е должен редовно да ѝ уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора од денот на уписот во Именикот на адвокатите, во спротивно, доколку не врши уплата, истото е основ за престанок на вршење на адвокатската дејност.