Адвокатска комора на Република Македонија, на 09 и 10 октомври во Битола, во соработка и со финасиска поддршка на Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX) одржа обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.
Обуката со поздравен збор ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски, кој како особено важно го истакна значењето на соработката на Комората со Советот на Европа, како и значењето од примената на Европската конвеција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права пред националните судови, која пракса иако формално не е извор на правото, претставува најзначајниот облик на толкувањето на Конвенцијата, а со тоа и на сите прописи кои по својата правна сила се под неа.
Предавачи на обуката беа г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство во областа. На учесниците во рамките на првиот ден им беше презентирана нормативната рамка во домашното право и практика, како и клеветата во меѓународното право и праксата на Европскиот суд за човекови права. Осврт беше даден на односот клевета и јавните личности, како и на клевета и новинарите, а особен интерес меѓу учесниците предизвика прашањето по однос на интернет порталите и различната пракса во постапувањето на различни апелациони подрачја, како и праксата на ЕСЧП во однос на оваа проблематика.

Вториот ден од обуката беше посветен на практични вежби и на работа во групи при што беа обработени повеќе случаи, како и на општите принципи на тужбата за клевета и одговор.
Обуката од страна на учесниците беше оценета како успешна, особено што, како што беше акцентирано, истата беше спој на богато национално и меѓународно практично искуство на обучувачите.