Почитувани колеги,
Списокот на учесници за Адвокатските спортски игри 2018 е затворен. Воедно капацитетите на хотелот „Сириус“ се пополнети и во истиот ќе бидат сместени адвокатите кои се пријавиле и платиле котизација заклучно со денешниот ден (2.10.2018).
За останатите адвокати, кои се пријавиле, а не уплатиле котизација до 2.10.2018, е обезбедено сместување под истите услови во однос на котизацијата во хотелот „Есперанто“.
Хотелот Есперанто се наоѓа во центарот на Струмица (https://esperanto.mk/contact/).
Ручекот и вечерата за сите учесници ќе бидат во х. „Сириус“.
Спортските игри ќе се одржат во салата на ОУ „Даме Груев“, Куклиш, Струмица. На сите учесници дополнително ќе им биде доставена агенда по имеил.