Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуцијата 54/134 на 17 декември 1999 година, го утврди 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилството врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилството врз жените од 20 декември 1993 година.
Кампањата за Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените трае 16 дена во рамки на глобалниот активизам кој и симболично трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.
Портокаловата боја е избрана за ова прашање за да симболизира посветла иднина без насилство врз жените.