Последната обука од овој проект се одржа во Струга на 15 и 16 септември. Предавачи на обukata беа претседателот на Адвокатската комора на РМ, адвокат Никола Додевски и авокат Љубомир Михајловски.
Во рамки на обуката беше спроведена и симулација на главна расправа, а адвокатите низ активна дискусија ги акцентираа проблеми со кои се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот за кривичната постапка.
Генерален заклучок од обуката е дека кривичната постапка ќе ја оствари својата цел единствено ако се обезбеди вистинска еднаквост на оружјата на странките во постапката и дека за таа цел неопходни измени со цел подобрување на позицијата на одбраната и осигурување на ефективна одбрана.
Во рамки на проектот во изминатава година беа спроведени повеќе обуки во повеќе адвокатски заедници.