На обуката на кој учество земаа адвокати од Адвокатската заедници Куманово, адвокатите Синиша Станковиќ од Куманово и Фатмир Муса од Скопје во улога на фацилитатори говореа за нормативните аспекти на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната, но воедно го елаборираа и прашањето за примената на овој закон низ практиката на адвокатите и правосудството.
Во рамки на обуките беа спроведени и симулации на случај, по што низ дискусија беа акцентирани проблемите со кои адвокатите се соочуваат во реалноста при практичната примена на Законот. Ставот на адвокатите е дека со Законот се губи индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување, дека е неоспорна е неговата контрадикторност и неусогласеност со темелните вредности на Уставот и тие побараа итно укинување на истиот.
Обуките се спроведоа во рамки проектот на Адвокатската комора на Република Македонија „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.