Повелби за битолски адвокати по повод јубилејот 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија

13 Март 2017
По повод 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија, Адвокатската комора Крагуевац од Република Србија им додели повелби на шест адвокати од Битола.

Со одлука на Адвокатската комора Крагуевац од Република Србија, на адвокатите Никола Главинче, адвокат од Битола и претседател на Адвокатската заедница Битола, Васил Ѓорѓиев, адвокат од Битола, Слободан Димитров, адвокат од Битола, во пензија, Васко Талевски, адвокат од Битола, Александар Ѓ. Танчевски, адвокат од Битола, Васко Стојков, адвокат од Битола им се доделени повелби за долгогодишно развивање на меѓусебната соработка, совесност и успешност во извршувањето на адвокатската дејност.

Одлуката за доделување на повелби е донесена по повод 155 години од постоењето на адвокатурата во Србија. Повелбите беа врачени од страна на адвокат Звонко Марковиќ, претседател на АК Крагуевац на свеченоста по тој повод која се одржа на 28.2.2017 г. во хотел „Крагуевац“.

Присутните адвокати од Битола се заблагодарија за доделените високи признанија и подвлекоа дека ова е признание и за македонската адвокатура и за традицоналните пријателски односи на нашата професија помеѓу двете комори и држави. Во истовреме се изрази и желба за продолжување на контактите и соработката на двете збратимени комори.

Повелба му е доделена и на г.Силјан Мицевски, Почесен конзул на Србија во Република Македонија.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме