
Со воспоставувањето на партнерството се зајакнува институционалната соработка за унапредување на пристапот до правда, остварување на човековите права, недискриминацијата и социјалната инклузија, преку инвестиција во развојот на професионалните капацитети на адвокатите.
Соработката ќе овозможи унапредување на тренинг центарот на Комората, размена на знаења, експертиза и добри практики, подобра координација и заеднички активности насочени кон надминување на бариерите до правната помош и обезбедување инклузивни, достапни, пристапни и квалитетни правни услуги, особено за ранливите граѓани изложени на ризици од исклучување.
Принципите на пристап заснован на човекови права, никој да не биде изоставен, родовата еднаквост и заштитата од насилство се во основата на заедничката заложба за создавање општество со систем на инклузивна еднаквост.
Активностите се дел од регионалниот проект „Унапреден квалитет на услуги за правна помош“, реализиран со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој (Austrian Development Agency), а спроведуван од УНДП во соработка со Министерството за правда.
