Адвокатската комора и Агенцијата за катастар на недвижности разговараа за унапредување на соработката

16 Септември 2026

Претседателот на Адвокатската комора, Лазо Ѓорѓиевски, на 15 септември 2026 година оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски. На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Комората, адвокат Дарко Георгиев, и Роберто Петковиќ, советник за правни работи во Комората.


На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата за катастар на недвижности, Адвокатската комора и нејзините членови, како и за поголемо користење на електронскиот шалтер на Катастарот од страна на адвокатите.

Беше истакнато дека адвокатите се значајни професионални партнери на Катастарот и важна алка во обезбедувањето правна сигурност. Поголемото користење на електронските услуги значи побрзи и поефикасни постапки и подобра услуга за крајните корисници.

На средбата беше утврдена и динамика за идни заеднички активности, со цел понатамошно продлабочување на соработката и поефикасен систем во интерес на граѓаните и правните лица.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме