ОБУКА ВО СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДРЖАВНИ СУДОВИ НА САД: „Основни судски вештини за адвокатите бранители во Северна Македонија“

23 Септември 2024

Адвокатската Комора ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за Државни Судови на САД и во рамките на проектот “Континуирана правна едукација за адвокатите од кривично право во Северна Македонија“ финансиски поддржан од Американската Амбасада во РСМ и INL - Стејт Депарментот, организира дводневна обука на тема „Основни судски вештини за адвокатите бранители во Северна Македонија“.

Обуката ќе се одржи на 29 и 30 Октомври 2024 година со физичко присуство на учесниците, во просториите на Центарот за Едукација на АКРСМ. Обуката ќе се води од страна на адвокати - обучувачи. Обуката е предвидено да трае од 9.30 до 16.30 часот.

Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по завршување на истата адвокатите ќе добијат сертификати.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество на обуката, своето присуство може да го пријават најдоцна до 14.10.2024 година на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен - прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.“

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме