Адвокатската комора на РСМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатски спортски игри.
Овогодинешните адвокатски спортски игри ќе се одржат на 19.10.2024 година (сабота) во хотелот „Сириус“ во Струмица. Сместувањето е во двокреветни соби.
- Цената за сместување за две ноќевања (петок - недела / пристигнување на 18-ти октомври и заминување на 20-ти октомври) изнесува 6.000 денари. Петок се почнува со вечера.
- Цената за едно ноќевање (сабота - недела / пристигнување на 19-ти октомври и заминување на 20ти октомври / полн пансион) изнесува 4.000 денари.
Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг понг, куглање, влечење јаже и сл., зависно од интересот за конкретна дисциплина.
Сите заинтересирани учесници треба да се пријават на и-меил адресата на Адвокатската комора - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 октомври 2024 година.
Котизацијата за учество се уплаќа на трансакциската сметка на Комората - 300 000 001 142 696, Комерцијална банка АД Скопје, со цел на дознака „За спортски игри.“
Пријавите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот „прв пријавен, прв услужен“, во согласност со расположливиот капацитет на хотелот.