Отворен ден на Адвокатската комора во рамки на на Европскиот ден на правдата

Објавено на МИА
25.10.2019


Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на правдата на 25 октомври 2019 година, Адвокатската комора на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за правда во Апелациониот суд Скопје организираше отворен ден, каде граѓаните на средби со адвокатите се информираа за своите основни права во повеќе области.


Одбележувањето на Европскиот ден на правдата, според адвокатот Димитар Петровски, е важно за луѓето да се запознаат со своите права и да знаат како може да ги остварат, што пак ќе влијае на демократизацијата на самото општество.
 
Посочи дека во пракса многу луѓе поради непознавање на одредени права, утврдени со Устав или посебни закони, често се случувало да не може да ги остварат.

„Тоа мислам дека влијаело на губење на нешто што им следува. Од тие причини одбележување на вакви настани, не само денеска, туку и во иднина би било значајно за самите граѓани“, изјави Петровски.



Според адвокатот Андреј Георгиевски, во рамки на отворениот ден граѓаните може да се информираат и добијат совети како да ги остварат своите права во постапките што ги водат или би сакале да ги поведат.

Во 2003 година, Советот на Европа донесе одлука 25 октомври да се одбележува како Европски ден за граѓанска правда. Намерата на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните на Европа да им овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области, како и можност да се запознаат со функционирањето на системот на правосудството.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме