Извор: ТВ 24 / Објавено: 06.05.2018
Економско јакнење, остручување на адвокатите,технички и просторни унапредувања се само дел од приоритетите на новиот претседател на адвокатската комора Љубомир Михајловски Џанго кој вчера по десет часа заседавање на делегатите во Струга доби најголема доверба за управување со комората.
Михајловски вели дека очекува уште поголема поддршка од колегите идниот период за одбрана на авторитетот на адвокатите, но и за враќање на довербата во нив.
„Адвокатската комора треба да придонесува за авторитетот на адвокатите и враќање на довербата во адвокатите кај граѓаните. Имаме случаји кои го нарушуваат угледот на адввокатурата и треба ова ниво на постојан напредок да го држиме. Иммаме стручна фела која може да придонесат во решавањето на постапките за донесувањето на нови закони и да помогнат на владата и државата.“ - изјави Љубомир Михајловски Џанго, претседател на Адвокатска комора на Р. Македонија.
Пред да биде изгласан со поддршка на третина од делегатите беа избрани Жалбениот совет и новите 17 членови на Управниот одбор кој со акламација го прогласи Михајловски за претседател, а за негови заменици адвокатите Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Новите челници цврсто ќе се борат и за носење квалитетни закони, но и за целосна заштита на комората од било какви политички влијанија.
„Сакаме да помогнеме на државата за носење на квалитетни закони. Досега имаме слух од владата и не викаат при носење на клучни закони.“ изјави Михајловски.
Михајловски доаѓа на претседателската функција како наследник на адвокатот Никола Додевски кој со комората управуваше 5 ипол години.На пошироката јавност и е познат како поранешен директор на Царинската управа а беше и министер за внатрешни работи од 2002 до 2006 година.