Обука на адвокатите за новиот ЗКП и за Законот за одмерување на висината на казната


Почна првата обука на адвокатите за новиот Закон за кривична постапка и на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Проектот се реализира од страна на Адвокатската комора на РМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици. Неговата цел е преку повеќе практични обуки и тркалезни маси адвокатите да ги развијат вештините и да ги лоцираат областите кои се сметаат за слабост на овие нови закони.

Еден од предавачите на обуките, адвокатот Никола Додевски смета дека три години стариот Закон за кривична постапка треба да претрпи одредени измени. ­

„Има истраги кои што траат со години или со месеци, добивате материјал од повеќе илјади страници и според законот одбраната има 15 дена да ги подготви своите тези, да ги побива доказите и да ги презентира своите докази. Тоа е позиција која не е допуштена и која е директно противречна со еднаквоста на оружјето како генерален принцип на кој се базира заштитата на човековите права“, рече Додевски.

Проектот е финансиран од страна на Американската амбасада и преку едногодишната програма ќе се промовира демократското владеење, преку јакнење на институциите на кривично правниот систем и заштитата на правата и слободите.

Во однос на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната Додевски смета дека одредбите треба да бидат факултативни и да се применуваат само кога Судот ќе одлучи дека е тоа потребно.


Извор: Канал 5 / Објавено: 23.09.2016

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме