-->

Обука во соработка со Националниот Центар за државни судови на САД: „Основни судски вештини за адвокатите бранители во Северна Македонија“

Адвокатската комора ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на  проектот “Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија” финансиски поддржан од Американската амбасада во РСМ и INL - Стејт Департментот, организира две дводневни обуки на тема „Основни судски вештини за адвокатите бранители во Северна Македонија“.

Обуките ќе се одржат со физичко присуство на учесниците. Првата обука ќе се одржи на 26 и 27 Март 2024 година, а втората ќе се одржи на 28 и 29 Март 2024 година, во просториите на Центарот за едукација на АКРСМ. Обуките ќе се водат од страна на адвокати - обучувачи во соработка со обучувачи-експерти од САД. Обуката е предвидено да трае од 09:30 до 15:30 часот.

Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по завршување на истата адвокатите ќе добијат сертификати.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 13.03.2024 година нa имеил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назначување за кој датум се пријавувате (26-27 и 28-29 Март).

Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката."

МЕСТАТА ЗА ОБУКИТЕ СЕ ПОПОЛНЕТИ!

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме