-->

ОНЛАЈН КУРС ЗА ПРАВА НА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА ХЕЛП ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ПРАВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Овој пат, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокати од областа на правата на заштита на податоци и приватност.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната и како ХЕЛП. Се работи за програма на Советот на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Имено, курсот ги опфаќа клучните концепти и поими во однос на правата на заштита на податоци и приватност. Исто така, овој курс ги опфаќа и релевантното европско право (на Советот на Европа и Европската Унија), импресивниот корпус на релевантна судска практика на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата на Европската Унија, како и одлуките на релевантни меѓународни тела, чија работа е фокусирана на правата на заштита на податоците и приватноста.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до
2 октомври 2023 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.




Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме