Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС) кој е дел од програмата „Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.
Овој пат, соработката продолжува со организација на обука за адвокати од областа на слободата на изразување.
Обуката ќе се одржи од 23-25 јуни, 2022 година (четврток-сабота), , во х. Гранит, Охрид.
Обуката ќе биде спроведена од сертицирани обучувачи на Советот на Европа. Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа.
Местата за оваа обука се пополнети.
Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата.