-->

Работилница на тема: „Спроведување на мерките за следење на комуникациите“

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со DCAF - Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија (2021-2026), организира интерактивна практична онлајн работилница на тема: ,,Спроведување на мерките за следење на комуникациите’’.

               Работилницата ќе се реализира на 04 март 2022 година (петок), со почеток во 09:00 часот, во хотел Радика, Маврово.

               Материјалот кој ќе биде опфатен во текот на работилницата е од Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите, кој е достапен на следните линкови:

- МКД верзија – https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2019/12/mkd-priracnik za-sproveduvanje-na-merkite-za-sledenje-na-komunikaciite-ebook.pdf

-  АЛБ верзија – https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2019/12/alb-doracak-p%C3%Abr-zbatimin-e-masave-ebook.pdf  

-  АНГ верзија https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2019/12/eng-benchbook-on-implementation-of-measures-for-interception-of-communication-e-book1.pdf  

Работилницата е наменета за судии, јавни обвинители и адвокати од апелационото подрачје на Гостивар, а бројот на учесници е ограничен.

За таа цел, ги покануваме адвокатите од наведеното подрачје да земат активно учество во интерактивните сесии во рамките на работилницата.  Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , најдоцна до 28 февруари 2022. 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме