Овој пат, соработката продолжува со организација на ХЕЛП курс за Заштита на новинар(к)и. Средбата за започнување на овој курс ќе се одржи онлајн на 25.02.2022 со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот. Курсот е наменет за адвокати, судии и обвинители.
На средбата за отпочнување на курсот, покрај претседателот на Адвокатската комора на РСМ Љубомир Михајловски, ќе се обратат и: Амабасадорот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир; Директорот на Одделот за информатичко општество при Совет на Европа Патрик Пенинкс, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 21 февруари 2022 година (петок) и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Бидејќи се работи за ограничена бројка, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.
Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на платформата за учество на средбата за започнување на курсот.
Нацрт агендата преземете ја од линкот подолу.