-->

ОБУКА ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ СО СОВЕТ НА ЕВРОПА

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа.

Овој пат, соработката продолжува со организација на дводневна обука за адвокати од областа на слободата на изразување, со фокус на темата „Клевета' и „Заштита на новинарски извори“.
Обуката ќе се одржи на 07-08 декември (вторник-среда), 2021 година, во х. Бистра, Маврово.

Обуката со поздравен збор ќе ја отвори г-дин Љубомир Михајловски, претседател на АКРСМ,  и г-ѓа Александра Богдановска, виш проект-офицер, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Предавачи на обуката ќе бидат г-дин Аra Ghazaryan, адвокат, интернационален експерт на Советот на Европа, г-ѓа Ана Дангова Хуг, адвокат и локален експерт на Советот на Европа.

Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. 

Со оглед дека обуката ќе се спроведува со физичко присуство, а заради состојбата со со Ковид 19, истата ќе се реализира согласно официјалните ковид протоколи издадени од Владата на РСM. Врз основа на ова, за присуство на обуката, односно престој во хотелот, учесниците ќе треба да поседуваат: 

- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

 Рокот за пријавување на обуката е до 26 ноември, 2021 година на имеил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата. 

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, Адвокатската комора на РСМ во меѓувреме вложува напори во најголема можна мера да се задржи нормалното функционирање, вклучително и во насока на обезбедување можности за соодветна едукација за адвокатите.
 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме