Со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот Covid – 19, обуката ќе се одржи онлајн. Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката, како и структурата на истата дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.
Обуката за обучувачи „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“ е изработена во рамките на проектот Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа во соработка со Адвокатската комора на Р.С.Македонија.
Материјалите за обуката се изготвени од интернационални и национални експерти на Совет на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн обука, којшто е интерактивна и се состои од повеќе модули.
Оваа обука за обучувачи е отворена за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истата, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен обука.
- Критериуми за аплицирање:
- Минимум 4 години практично искуство во некоја од следниве области: права на децата, правда прилагодена на потребите на детето, човекови права, бесплатна правна помош.
- Минимум 3 години практично искуство во креирање, организирање и одржување на курсеви и обуки.
- Искуство во работа со владини и невладини организации (не е задолжително, но доколку апликантот поседува ќе се смета за предност.)
- Течно да го зборува и пишува Англискиот јазик
- Потребни документи:
- Детална биографија (CV) која ја покажува исполнетоста на апликантот на критериумите за аплицирање (т.1)
- Мотивационо писмо (не подолго од 2 страни) кое содржи образложение на кој начин апликантот ги исполнува условите за горенаведената материја со соодветни докази, зошто аплицира на повикот и како тој/таа ќе придонесе во квалитетот на самата обука.
- Листа со три контакти за препораки (треба да содржи, име и презиме на контактот, мобилен број и e-mail адреса)
Потребен број на адвокати: 24
Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 20 февруари 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .