Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува успешната соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, односно и понатаму ќе се одржи континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Овој пат, соработката продолжува со организација на курс за адвокатски приправници за борба против трговија со луѓе.
Kурсот „Борба против трговија со луѓе“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната и како ХЕЛП. Се работи за програма на Совет на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.
Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од пет модули.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокатски приправници. По завршување на курсот, адвокатските приправници ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокатски приправници за горенаведениот курс е до 22 октомври 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.
Предвидено е курсот да започне кон крајот на месец октомври 2020 г. Пријавените адвокатски приправници дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.