Ве известуваме дека нов курс на тема Заштита и безбедност на новинар(к)ите како дел од ХЕЛП програмата на Советот на Европа (HELP – Human Rights Education for Legal Professionals) е сега достапен на ХЕЛП онлајн платформата.
Овој бесплатен ХЕЛП онлајн курс има за цел да им помогне на правните професионалци/ки, но и на новинар(к)ите и органите за спроведување на законите, како и на сите заинтересирани за темата, да препознаат и адресираат закани кон новинар(к)и и други медиумски чинители. Курсот е составен од 5 практични модули, и е со вкупно времетраење од приближно 10 часа.
Во моментов, курсот е достапен само на англиски јазик, а до крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на македонски.
Во продолжение се линковите до објавата на веб страната на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје од каде што ќе може да пристапите и до линкот за самиот курс:
За повеќе информации следете ја и FB страната на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје: https://www.facebook.com/111552580343081/posts/182988023199536/