-->

ОНЛАЈН КУРС ЗА АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ ВОВЕД ВО ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА ХЕЛП ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ПРАВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува успешната соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, односно и понатаму ќе се одржи континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Овој пат, соработката продолжува со организација на курс за адвокатски приправници за вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Kурсот „Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната и како ХЕЛП. Се работи за програма на Совет на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од три модули.

ЕКЧП претставува важен дел од секојдневната практика на правните практичари. Со цел да се примени правилно, националните актери треба да имаат основни знаења за ЕКЧП и за нејзиното толкување и примена од страна на ЕСЧП.

Овој курс е насочен токму кон обезбедување на оваа неопходна основа. Тој нуди можност учесниците да се запознаат со текстот на ЕКЧП, како и со методологијата и постапката што ја следи ЕСЧП при толкувањето и примената на истата. Исто така, во рамките на курсот се објаснува и извршувањето на пресудите на ЕСЧП и условите за пријателска спогодба.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокатски приправници. По завршување на курсот, адвокатските приправници ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокатски приправници за горенаведениот курс е до 28 јуни 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Предвидено е курсот да започне на почетокот на месец јули 2020 г. Пријавените адвокатски приправници дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, Адвокатската комора на РСМ во меѓувреме ќе вложи напори во најголема можна мера да се задржи нормалното функционирање, вклучително и во насока на обезбедување можности за соодветна едукација за адвокатските приправници.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме