Адвокатската комора на Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, организира курс за адвокати за критериумите за допуштеност во жалбите кои се поднесуваат до Европскиот суд за човекови права.
Kурсот „Критериуми за допуштеност во жалбите поднесени до Европскиот суд за човекови права“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.
Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Македонија за успешно завршен курс.
На 24 март 2020 година, во хотел во Скопје, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „ Критериуми за допуштеност во жалбите поднесени до Европскиот суд за човекови права “, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот. Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 13 март 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.