Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Парични побарувања по сите основи од работен однос (плата, надоместоци од плата и надомест на штета) и конкурентска клаузула“.
Советувањето е предвидено да се одржи на 18 декември (среда) 2019 година во просториите на Академијата, со почеток во 09.45 часот.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје и Зоран Гичев, адвокат.