Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност - Брисел 2“.
Советувањето е предвидено да се одржи на 6 декември (петок) 2019 година со почеток во 09.45 часот во просториите на Академијата. Предавачи на советувањето ќе бидат доц. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет Кичево, Среќко Митовски, судија на Основен суд Прилеп и Зора Треневска, судија во пензија од Апелациониот суд Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..