-->

РАБОТИЛНИЦА: „Правила на докажување со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверизијалната постапка“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Инструментот за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема „Правила на докажување со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка“.

Работилницата ќе се одржи во периодот 10-11 декември 2019 година во хотел во Скопје (локацијата дополнитечно ќе биде одредена). Предавачи на работилницата ќе бидат д-р Марин Мрчела судија во Врховниот суд во Хрватска и претседател на ГРЕКО и д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб.

За учесниците кои доаѓаат од надвор од Скопје на далечнина поголема од 100 километри, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 9 и 10 декември 2019 година (понеделник и вторник) или само на 10 декември 2019 година (вторник) доколку учесникот тоа го побара при пријавување за учество.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници ограничен, истите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.




Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме