Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТAIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема „Заштита на потрошувачите во ЕУ“.
Работилницата ќе се одржи 28-29 ноември 2019 година (четврток-петок) во хотел во Скопје (локацијата дополнително ќе биде одредена).
За учесниците кои доаѓаат од надвор од Скопје на далечнина поголема од 100 километри, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 27 и 28 номеври 2019 година (среда и четврток) или само на 28 ноември 2019 година (четврток) доколку учесникот тоа го побара при пријавување за учество.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..