Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Управата за извршување на санкции, а во рамките на Твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациска служба“ организираaт две одделни советувања на тема: “Пробација и пробациска служба“ што ќе се одржат на 13 мај и на 14 мај 2019 година.
Советувањата ќе се одржуваат во просториите на Академијата-Ламела 1 и се наменети за судии, јавни обвинители, пробациски службеници, судски и јавнообвинителски соработници, адвокати, како и за претставници од Центарот за социјална работа и Министерството за внатрешни работи од апелационо подрачје Скопје и Гостивар.
Целта на проектот е да се подобри ефикасноста и функционирањето на казнено-поправниот систем и развивање на ефикасна и одржлива пробациска служба со целосно почитување на правата и достоинството на лицата лишени од слобода и на лицата над кои се извршуваат пробациски мерки со цел нивна успешна ресоцијализација во заедницата.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..