Здружение на правници на РМ организира еднодневно советување на тема „Надомест на штета предизвикана од работен однос“.
Советувањето ќе се одржи на 19.4.2019 год. (петок) во хотелот Континентал, Скопје со почеток во 10:00 часот. Целта на советувањето е пред учесниците да се презентираат неколку аспекти од работните односи.
Првиот дел на советувањето е посветено на разлики помеѓу деловна тајна, конкурентска забрана и конкурентска клаузула. Вториот дел е посветен на парични побарувања по сите основи од работен однос – плати, надоместоци од плати и надомест на штета. Последниот дел од советувањето е посветен на одговорност на работникот за причинета штета на работодавачот.
Предавачи на ова советување се:
- М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје 2 Скопје;
- Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје и
- Теофил Томановиќ, судија во пензија
При пријавувањето наведете: име, презиме, адреса за е-пошта и телефон на учесникот/та и име и адреса на правниот субјект кој ќе го врши плаќањето.
Агендата и деталите во однос на Еднодневното советување Ви се достапни на следниот линк.
Цената за учество на советувањето за едно лице е:
3.300,00 ден. + 18% ДДВ за членови и претплатници на „Правник“ и
4.000,00 ден. + 18% ДДВ за сите останати учесници.
За пријавени 3 учесници од ист правен субјект следува 10% попуст, 4 учесници - 15% попуст, 5 и повеќе учесници - 20% попуст.
Плаќањето се врши по основ на фактура. Во цената е вклучено: материјали од советување, работен материјал, бесплатни примероци од Стручното списание „Правник“ и сертификат за учество.
За сите дополнителни прашања и/или потребни информации во врска советувањето, обратете се на телефон: +389 02 31 31 084.