Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Меѓународната организација за миграции (IOM) во рамките на проектот „Јакнење на националните капацитети во областа на азилот миграциите и трговијата со луѓе - ИПА 2016“ организира серија советувања на тема „Трговија со луѓе“.
Советувањата се наменети за судии, судски соработници, адвокати, јавни обвинители и јавнообвинителски соработници од сите апелациони подрачја. Предавачи на советувањата ќе бидат г. Абдулаким Салиу, врховен судија во пензија и г-ѓа Зуица Наумова, апелациона судијка во пензија.
Целта на советувањето е подобрување на системот на управување со миграциите и азилот согласно со ЕУ и меѓународните стандарди преку подобрување на пристапот до заштита и услуги за ранливите категории на мигранти.
Советувањето е предвидено да се одржи во хотелот „Порта“, Скопје, на 9-10 април 2019 година.
За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје (Освен од Тетово и Куманово, поради мала одалеченост на километри), IOM ќе обезбеди 2 ноќевања, а патните трошоци ќе бидат надоместени во висина на повратен автобуски билет на самиот настан за што како доказ ќе послужи личната карта на учесникот на советувањето).
Адвокатите кои се заинтересирани за советувањето треба да се пријават на имеил адресата - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .