-->

СОВЕТУВАЊЕ: „Финансиски истраги и нелегално стекнат имот со цел подобрен пристап кон надомест на штета за жртвите на трговија со луѓе“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финасиска поддршка на Советот на Европа организира дводневно советување на тема „Финансиски истраги и нелегално стекнат имот со цел подобрен пристап кон надомест на штета за жртвите на трговија со луѓе“ кое ќе одржи во периодот од 27-28 март 2019 година (среда-четврток) во Маврово (точната локација дополнително ќе биде утврдена).

Советувањето е наменето за судии, адвокати, слушатели од почетна обука на Аакадемијата, преставници на Финасиската полиција, Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Агенцијата за управување со нелегално стекнат имот. 

Предавачи на советувањето ќе бидат г. Мерел Мет Радемакер, Виш помошник обвинител од Холандија, кој ќе има свое излагање на тема „Финасиска истрага во случаите со трговија на луѓе“ (искуства на Холандија), г. Марко Летици, потполковник во Финансиската полиција на Италија кој ќе има излагање на темата „Спроведување на делотворна истрага и следење на финасиските текови, извршување на решението за конфискација, поврат и управување со нелегално стекнатите средства“. Излагање на темата ќе имаат и двајца национални експерти. 

За учесниците ќе биде обезбедено ноќевање и заеднички превоз од Скопје до Маврово. Тргнувањето е предвидено на 27 март во 7.00 часот наутро, за заминувањето е планирано на 28 март во 16.30 часот. На учесниците кои ќе се одлучат да пристигнат со сопствен превоз, патните трошоци ќе им бидат надоместени од страна на проектот.

Вкуниот број на учесници е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до  15 март на меил адресата - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме