Адвокатската комора на Република Македонија, во соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, организира курс за адвокати за насилство врз жените и домашно насилство.
Kурсот „Насилство врз жените и домашно насилство“ е изготвен заеднички од страна на Секторот за еднаквост и човечко достоинство, Одделението за насилство врз жени и Европската програма за едукација за човековите права за правни професионалци (ХЕЛП Програма) на Советот на Европа. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи главно за on line курс кој ќе трае 12 недели, којшто е интерактивен и се состои од неколку модули.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Македонија за успешно завршен курс.
На 13 декември 2018 година, во х.Александар Палас, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Насилство врз жените и домашно насилство“, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот. Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 30 ноември 2018 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.