-->

Професионална обука од областа на трговското право во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Почитувани, 

Ве покануваме на професионална обука кој се организира традиционално во соработка со Адвокатската комора на РМ и Факултетот за Правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Обуката ќе се одржи на 03 декември (понеделник) од 13.30 часот до 15.30 часот во просториите на Универизитет Американ Колеџ Скопје  

Обуката ќе опфати две теми и тоа:

- Преобразба на ДОО во АД - можност за развој, предавач професор д-р Марко Андонов, Декан на Факултетот за правни науки при УАКС

 - Аспекти на менаџерски договори, предавач професор д-р Зоран Михајловски

Обуката е без финансиски надомест за сите членови на Адвокатската комора на РМ

Во рамки на обуката ќе биде спроведена и презентација во однос на програмите на македонски и/или англиски јазик за додипломски и постдипломски студии на  Факултетите на УАКС за кои Универзитетот овозможува попуст за членовите на АКРМ врз основа на Договорот за членство на Адвокатска комора во Деловниот совет на УАКС.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме