Адвокатската комора на Република Македонија, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, организира обука за адвокати за примена на критериумите за допуштеност предвидени во Европската конвенција за човекови права.
За време на обуката детално ќе бидат објаснети критериумите за допуштеност предвидени во Европската конвенција за човекови права (процесни основи за недопуштеност; основи за недопуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Европскиот суд за човекови права и основи за недопуштеност кои се однесуваат на основаноста), чие исполнување е потребно за да може Судот да пристапи кон испитување на основаноста на жалбата.
Исто така, обуката ќе опфати и работа на практични случаи во однос на критериумите за допуштеност, како и практични упатства во контекст на пополнувањето на образецот за жалба.
Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, при што предност ќе се даде на адвокатите од Источна Македонија. Обука од ваков тип веќе беше организирана за адвокатите од Западна Македонија, а наскоро ќе се организира и за адвокатите од Скопје и регионот.
Обуката е закажана за следниот термин:
16 ноември – 17 ноември 2018 година, х.Урбаниста, Штип (http://urbanista.mk/ )
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведената обуки е до 12 ноември 2018 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.