Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Македонското здружение на млади правници, а во рамки на проектот „Заштита на правата на децата во кривични и граѓански постапки“ поддржан од страна УНИЦЕФ Македонија организираат три еднодневни советувања на тема „Вештини на интервјуирање на децата жртви и сведоци и насилство“ кои ќе се одржат во следните термини:
- 15 ноември 2018 година (четврток) во хотел Порта во Скопје
- 16 ноември 2018 година (петок) во хотел Порта во Скопје
- 26 ноември 2018 година (понеделник) во хотел Порта во Скопје
Советувањата се наменети адвокати, судии и јавни обвинители.
На советувањето свои излагања ќе имаат:
- Г-ѓа Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје
- Г-ѓа Аанета Апчева, педагог
Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..