-->

АКРМ во соработка со Советот на Европа во Охрид организира обука: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“

Адвокатска комора на Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.

Обуката ќе се одржи на  12-13 ноември (понеделник - вторник) во Охрид, во хотелот „Парк Лејксајд“, со почеток во 13 часот. 

Обуката е  пред се' е наменета за адвокати кои во својата практика се занимаваат со предмети од областа на Слободата на изразување, односно членот 10 од Европската конвенција за човекови права. 

Обуката со поздравен говор ќе ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.

Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Ивана Роања, меѓународен експерт oд областа човековите права и адвокат – Адвокатска комора на Италија и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство во областа.

Заинтересираните адвокати своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме