-->

ОБУКА: „Развивање на адвокатските вештини во поглед и во врска со прибирањето на доказите и доказните средства во кривичната постапка“

На 25 октомври 2018 година во х. „ТЦЦ Гранд Плаза“ во Скопје ќе се одржи обука на тема „Развивање на адвокатските вештини во поглед и во врска со прибирањето на доказите и доказните средства во кривичната постапка“.   

Предавачи на обуката ќе бидат адвокат Гордана Михајловска и адвокат Флора Илковска.

Целта на овој курс е да се помогне на адвокатите што полесно да ја сфатат улогата на доказите во кривичната постапка, како и да се здобијат односно стекнат адвокатите со потребните вештини кои ќе им ја олеснат перцепцијата при селектирање на доказите во смисла на тоа кои докази се законски прибрани, а кои не, кои докази да се употребат и приложат, а кои не. Воедно и да се стекнат со вештини кои ќе им овозможат да дадат критички осврт на доказите на обвинителството како и на начинот на кој истите се обезбедени.

Овој курс е наменет да се овозможи адвокатите да се стекнат пред се со основните вештини на препознавање на доказите, и разликување на видовите на доказни средства. Да знаат да препознаат на каков начин се прибавени доказите од страна на обвинителството, дали некој доказ е законски прибавен или не, да знаат кога, како и зошто да приговараат, а се со цел да успеат во елиминирање односно издвојување од обвинителниот акт на определен доказ или докази.

Адвокатите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме