Адвокатска комора на Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.
Обуката ќе се одржи на 09-10 октомври (вторник-среда) во Битола, во хотелот Милениум, со почеток во 13 часот. Агендата ќе биде дополнително објавена.
-->
АКРМ во соработката со Советот на Европа во Битола организира обука: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“
Обуката е пред се' е наменета за адвокати кои во својата практика се занимаваат Слободата на изразување, односно членот 10 од Европската конвенција за човекови права.
Обуката со поздравен говор ќе ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.
Обуката со поздравен говор ќе ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.
Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство во областа.
Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија нa е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Адвокатите кои немаат уредно подмирена членарина немаат право на учество.