Хелсиншкиот комитет во рамките на проектот: „Унапредување на известувањето за стандардите на владеење на правото во Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина“ поддржан од YUCOM и ABA Rule of Law Initiative, ќе спроведе еднодневна обука на тема: „Градење на капацитетите на АКРМ и адвокатите за ефективна комуникација со јавноста и медиумите“.
Оваа обука е наменета за лица кои работат на ПР и медиуми во рамките на Адвокатската Комора на Република Македонија (АКРМ) и адвокати со цел стекнување на вештини и зајакнување на капацитетите за поефективна комуникација со медиуми, составување на соопштенија за јавност и медиуми, одржување на поефективни прес конференции, давање на квалитетни интервјуа за пишани, електронски и ТВ медиуми.
Обуката ќе се одржи на 03.10.2018 година (среда) во Hotel City Park во Скопје (наспроти „Фонтана“ во Градски Парк).
Адвокатите/ки кои се заинтересирани можат да се пријават на следните маилови: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .mk .
*Напомена: бројот на учесници е ограничен на дваесет учесници, па изборот ќе се врши според прв пријавен прв запишан во листата на учесници. Адвокатите мораат да имаат уредно подмирена членарина.