Институтoт за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима“ во соработка со Адвокатска комора на Република Македонија и Државното правобранителство на Република Македонија организира семинар на тема:„Актуелни прашања и проблеми во управните спорови и парничната постапка“.
Семинарот ќе се одржи во хотелот „Континентал“ во Скопје на 8.10.2018 со почеток во 10:30 часот. Истиот ќе биде отворен од страна на претседателот на Аадвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски и Државниот правобранител на РМ, г. Фехми Стафа.
Излагачи на семинарот ќе бидат: проф. д-р Борче Давитковски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој ќе говори за новиот Закон за управни спорови, м-р Снежана Трповска, судија во Управниот суд на Република Македонија која ќе говори на тема „Судската пракса на Управниот суд на Република Македонија: актуелни прашања и дилеми“, судија Катерина Георгиевска, раководител на граѓанското одделение на Апелациониот суд во Скопје, која ќе говори на тема: „Актуелни прашања и проблеми во парничната постапка“, како и преТставници на Аадвокатската комора на РМ и Државното правобранителство на РМ.
Цена по учесник изнесува 3100 денари и вклучува писмен материјал и сертификат за учество на семинарот.
Уплатата треба да биде извршена (најдоцна два дена пред семинарот) на име Јуридика Прима - Скопје ул. Димо Хаџидимов 8/1-1 Скопје. Број на жиро сметка: 270-0711667501-73 Халк банка АД Скопје.
Подетални информации за програмата и пријавување кај Александар Николов моб. 077 393 900 * facebook Iuridica Primа * e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. * www.iuridicaprima.mk *.
*Агендата преземете ја од линкот подолу.